ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Двајца починати, 22 новозаболени, 50 оздравени од корона вирус

Двајца починати пациенти како последица од корона вирусот, е најновата информација од министерството за здравство. Во болницата 8-ми септември починал 78-годишен пациент од Скопје, кој бил примен на 7 мај, исто како и 77-годишен пациент од Тетово примен на лекување на 14 мај.

Новозаболени се 22-ца од направени 533 тестирања, од кои во Скопје се 8, Штип – 2, Прилеп – 3, тетово -3, и прв случај во Свети Николе. Регистрирани се 50 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.