Двајца американски војници убиени од авганистански војник

Двајца американски војници се убиени во Авганистан, а трет е ранет, соопшти американската војска додавајќи дека војниците биле убиени за време на „акција“, без да прецизираат детали.

Авганистанските безбедносни и полициски власти соопштија дека во редок „инсајдерски“ напад авганистански војник отворил оган кон група американски војници во воена база во јужната провинција Кандахар.

Авганистанскиот војник е ранет во возвратен оган, пренесе Вашингтон пост.

Вкупно 12 американски војници се убиени во судирите во Авганистан од почетокот на годинава, додека во исто време САД се обидуваат да покренат директни разговори меѓу авганистанските власти и талибанските бунтовници.

Околу 2.300 американски војници загинаа, а повеќе од 20.400 се ранети во Авганистан од 2001 година, кога Соединетите Држави ја поведоа меѓународната коалиција што ги протера талибанците од власт.

Авганистанските безбедносни сили се борат со талибанците од 2014 година, кога САД и НАТО официјално ја завршија мисијата во таа земја.

По повлекувањето, САД планираа да распоредат околу 1.000 војници, но поради влошената состојба, сега има околу 14.000 американски војници во Авганистан во рамките на мисијата наречена Одлучна поддршка.

Please follow and like us:

You May Also Like