Дачиќ тврди дека уште една држава го повлекла признавањето на Косово

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ најави дека следната недела ќе го соопшти името на 15-тата држава што го повлекла признавањето на, како што кажа, „самопрогласеното Косово“

Дачиќ за РТС кажа дека во овој момент помалку од 100 држави ја признаваат самопрогласената независност на поранешната српска покраина.

„Претседателот Вучиќ ми кажа оваа недела да не правиме ништо околу тоа, за да не излезе дека се инаетиме и дека тоа го правиме поради Западот. Ние имаме континуирана активност со земјите што го признаа Косово или немаат јасен став околу Косово и тргнавме од списокот што властите во Приштина го објавија со 116 земји што го признаваат Косово. Ние го демонтиравме тој список и тие земји ги има помалку од 100. Досега 14 земји го повлекоа признавањето“, кажа Дачиќ.

Тој најави дека следната недела ќе каже која е петнаесеттата држава што ќе го повлече признавањето на Косово, додавајќи дека земјата веќе ѝ испратила нота на Приштина.

Please follow and like us:

You May Also Like