Даночни шалтери отворени во Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери.

 

Во општина Ѓорче Петров шалтер на УЈП има и во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица), како и на вториот кат во зградата на општина Аеродром. Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до крајот на годинава со работно време од 8 до 18 часот.

Во општина Кисела Вода шалтер на УЈП има во општинската барака број 4, во општина Гази Баба е лоциран во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП), како и во општина Чаир. Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 декември со работно време од 8 до 16 часот.

Please follow and like us:

You May Also Like