ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дали коронавирусот во Германија доаѓа од Балканот?

Насловите во дел од германскиот печат зачестено упатуваат на нов извор на коронавирусот- Балканот. Тврдењата се дека вирусот го носат повратници од балканските држави. Дали е навистина така?„Косово, Србија, Хрватска- пред се оние кои по одморот доаѓаат од земјите на југоисточна Европа го носат вирусот во Германија“, пишува весникот Хамбургер абендблат. „Во март процентот на луѓе кои влегле во Германија со инфекција беше над 50 отсто, но, по ограничувањето на патувањето, брзо падна под 10 отсто. Сега повторно расте“. Весникот цитира податоци од Институтот Роберт Кох според кои од 27 до 30 календарска недела (првите четири недели на јули) во Германија се евидентирани 7,977 нови случаи на зараза.
„Она што е воочливо е дека повеќето нови инфекции, околу 85 отсто, не доаѓаат од странство. Луѓето се заразиле во Германија. Исто така е воочливо дека повеќе од 50 отсто од новите инфекции доаѓаат во Германија од југоисточна Европа“, пишува Хамбургер абендблат. Според тие податоци, 303 случаи дошле од Косово, 242 од Србија, 70 од Турција, 67 од БиХ, 36 од Романија, 29 од Хрватска, 27 од Бугарија и 25 од Северна Македонија.

Балканска корона-рута

„Севкупно, тоа се околу 800 случаи од југоисточна Европа од вкупно 8,000 случаи во Германија во тој период. Тоа се 10 проценти. Прашање е дали тие бројки ќе пораснат во август, во периодот на годишните одмори кога луѓето од тие земји традиционално заминуваат во посета на своите роднини“, пишува Велт во текстот под наслов „Балканска корона-рута“.
Весникот се фокусира на Косово и Србија- каде неодамна една истражувачка сторија откри дека властите можеби не ги соопштуваат вистинските бројки на заразени и жртви од коронавирусот. Во Косово, пак, од каде доаѓаат најголем број од новите инфекции во Германија, веќе извесно време се бележат високи бројки на дневни новозаразени, со тенденција на натамошно покачување.
„Веројатната хипотеза: можеби помали Косовци патуваат од Германија кон татковината, имено само оние кои поседуваат германско државјанство. Но од нив се заразуваат многумина“, заклучува Велт.
Во меѓувреме, еден нов случај забележа локалното радио во Дортмунд.
„Семејство од Дортмунд од одморот во Србија донесе коронавирус. Според податоците на здравствените власти, тие на патувањето заминале со автомобил, а по враќањето сите пет членови на семејството биле позитивни на Ковид-19. Во неделата во Дортмунд беа регистрирани 8 нови случаи, а во саботата 16“, сумира радиото Мој Дортмунд.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.