ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грчки владини извори: Изјавите на македонскиот премиер очигледно биле за внатрешни цели

По поднесениот финален текст на уставните амандмани усвоени од македонската Влада, грчки владини извори коментираат дека промената во членот 49 параграф 3, и воведувањето на формулацијата „дијаспора“ како што е во членот 108 на грчкиот устав, „одговараат на духот и текстот на Договорот од Преспа, чиј тек за спроведување, продолжува”, јави дописничката на МИА од Атина.

Истите извори додаваат дека изјавите на македонскиот премиер, очигледно е дека биле за внатрешни цели за да обезбеди поддршка за договорот, но „останува неговата посветеност на Договорот од Преспа“.

„Ова исто така покажува дека договорот содржи ефективни мерки на заштита, кои во комбинација со интервенциите од грчка страна, но и од меѓународната заедница, не оставаат простор за какво било погрешно толкување“, коментираат грчки владини извори.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.