Грчкиот парламент денеска ќе гласа за Договорот од Преспа

Гласањето за Преспанскиот договор, кое требаше да се случи ноќеска, е одложено за денеска попладне поради големиот број пријавени пратеници за збор. Од вкупно 300 пратеници, збор побарале 230.

Додека траеше дебатата, околу 5 илјади членови на националистички организации вчеравечер беа собрани пред парламентот во Атина и во Солун извикувајќи „Македонија е само грчка“. Дел од нив фрлаа со пиротенички материјали и камења врз полицијата. Припадниците на полициските сили употребија заслепувачки гранати, спреј и палки за растерување на насилните демонстранти.

You May Also Like