Грчкиот парламент гласа за доверба на Мицотакис

За време на тридневната парламентарна разсправа која ќе заврши утре на полноќ со гласање на доберба на новата конзервативна влада на Грција, премиерот Мицотакис најави пад на даночните стапки и пораст на вработувањето. Мицотакис, во едночасовното обраќање, кусо се задржа на грчката надворешна политика, споменувајќи ги Договорот од Преспа и односите на Грција со Турција. Пораката која ја упати Мицотакис беше дека од однесувањето на Македонија и добрата соработка ќе зависи патот кон евроинтеграциите.

-Што се однесува до нашата политика на Балканот, наш приоритет, како што веќе реков, ќе биде ублажување на негативните последици кои произлегуваат од Преспанскиот договор. Апсолутен приоритет ќе буиде заштита на македонските производи и голема меѓународна кампања за нашата Македонија. И сакам повторно да испратам една порака во и надвор од Грција: од однесувањето и добрата соработка на нашите соседи ќе зависи нивниот пат кон ЕУ, истакна Мицотакис.

Остри критики на Мицотакис му упати опозициониот челник Алексис Ципрас обвинувајќи ги членовите на Нова демократија за радикалните протести против Преспанскиот договор, за заканувачките пораки со куршуми, како и за молотовите коктели пред домовите на припадниците на СИРИЗА. Но, сега договорот е добар, рече Ципрас истакнувајќи го соопштението на Даунинг стрит издадено по телефонскиот разговор на Мицотакис со Меј во кое се поздравува заложбата за целосно почитување на договорот од Преспа. Нешто што Мицотакис го цензурирал во грчките медиуми, но секоја „хипокризијата во политиката се плаќа“, му порача Ципрас, по што следуваше аплауз од страна на пратениците на СИРИЗА.

-Господине Мицотакис, драго ми е што како премиер решивте да ја задржите националната линија за еден национално корисен договор, за еден историски договор што ја надградува нашата Македонија и ја надградува улогата на Грција во странство, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА потсети и на економската состојба во држвата во 2015 кога тие дојдоа на власт и дека земјата ја врати својата економска сувереност.

Please follow and like us:

You May Also Like