Груевски се сретнал во стан на Кинези со државен секретар од МНР на Унгарија

Нормално е да се среќаваме со Груевски, одговориле од унгарското Министерство за надворешни работи на прашањето на порталот 444.hu, откако бившиот македонски премиер влегол во станот до редакцијата на овој портал и се сретнал со Иштван Јо, државен секретар во унгарското министерство.

Во петокот новинар на унгарскиот портал 444 му поставуваше прашања на Никола Груевски на заминување од средбата во станот во Будимпешта. Оваа нивна средба на скалите од зградата беше снимена од новинарите на порталот.

„Не е ништо посебно Министерството за надворешни работи да биде во контакт со личност во Унгарија, која била премиер во својата земја долг период“, одговорија од унгарското МНР на прашањето на унгарскиот портал.

Станот во кој се сретнале Јо и Груевски, според катастарските податоци е во сопственост на двајца кинески државјани. Порталот 444 објави дека станот вообичаено се издавал на гости преку „Ер-би-ен-би“. Од редакцијата се сомневаат дека станот е во сопственост на унгарските безбедносни служби и се користи за тајни средби.

Груевски на некој прием во Будимпешта

Во вторник македонското Собрание ќе заседава за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски, по неговото шестмесечно неоправдано отсуство. Груевски во Унгарија доби азил по неговото бегство откако судот во Македонија му пресуди затворска казна за злоупотреба при набавката на службениот владин блиндиран „мерцедес“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери потврди дека кај него пристигнала оставката на Груевски заверена на нотар на унгарски јазик и дека по преводот ќе биде доставена до пратениците.

 

 

Please follow and like us:

You May Also Like