ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Гостиварчанец со секира ја уби својата сопруга

Трагичен настан го потресе Гостивар утрово. 65-годишен маж ја прободел својата 60-годишна сопруга со нож, а потоа и со секира. Алсат дознава дека по убиството, тој го известил синот кој бил на печалба и избегал. Случајот во полиција го пријавил другиот син.

„Во населбата Бањишница 1 во Гостивар, 33 годишниот В.И од Гостивар, пријавил дека во една од собите во куќата, ја пронашол својата мртва мајка. Како осомничен за ова убиство е неговиот татко, кој моментално е во бегство“, изјави Фатмир реџепи, портпарол на СВР Тетово

Мештаните на населбата велат дека се шокирани од настанот. Велат дека живеат во тивка населба каде никогаш немало проблеми.

„Како населба тука немавме никакви проблеми, не знам како да коментирам. Настанот е тежок, да извршиш убиство на овој начин е многу лошо. Го познававме, мирен човек, се занимаваше со стока,  имаше животни“…

„Човек со секира да убие човек е тешко“. Многу е тешко, шокирачко е“…

„Многу жално. Трогателно“, велат жителите.

Мотивите на трагичниот настан не се познати, во меѓувреме полицијата трага по сторителот на ова тешко дело.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.