Голем пораз на Ципрас, десницата надмоќно победи на изборите во Грција

Десничарската опозиција Неа демократија ги освои градоначалничките места во Атина и во Солун и во речиси сите грчки покраини, потврдувајќи ја надмоќната победа над левицата на премиерот Алексис Ципрас на европските избори.

Иако на изборите не излегоа 60 отсто од гласачите, оценуваат аналитичарите, добриот резултат на кандидатите кои ги подрржува Неа демократија ѝ даваат предност на големата конзервативна формација пет недели до предвремените парламентарни избори на 7 јули.

Во Атина 41-годишниот Костас Бакојанис, поренешн гувернер на покраина во центарот на земјата, освои 65 отсто од гласовите, покажуваат резулттите по пребројувањето на 99 отсто на гласачките места.

Костас Бакојанис, припадник на третата генерација на грчкото политичко семејство од десницата, е син на Дора Бакојанис, првата жена која беше избрана за градоначалничка на Атина во 2003 година.

Тој е и внук на поранешниот премиер Константин Мицотакис (1990-1993, десница) и внук на сегашниот претседател на Нова демократија Курјакос Мицотакис, главниот ривал на Ципрас на следните парламентарни избори.

Неа демократија на европските избори пред една недела ја помина партијата на Цопрас Сириза за 9,3 проценти, што беше „неочекувана победа“, како што кажа грчкиот премиер и веднаш најави парламентарни избори, три месеци пред планираниот датум.

Поразот на левицата на европските и на локалните избори се случува по четиригодишната власт на Алексис Ципрас и излегувањето на земјата од програмата за финансиска помош во август минатата година.

Please follow and like us:

You May Also Like