Голем интерес за претседателски кандидати

На два дена пред распишувањето на претседателските избори, неизвесно е колку кандидати ќе влезат во трката за шеф на државата. Од ДУИ потврдуваат дека ќе истакнат свој кандидат, а предлозите ќе ги разгледаат  во Централното претседателство. Во интервју за МТВ, лидерот Ахмети вели дека опцијата консензуален кандидат со СДСМ се уште е отворена, но тоа се прави со договор за реципроцитет, а не на партиски конгрес.

Излегуваат со изјава дека ќе прават конгрес. На туѓа свадба не одам. Ниту на свадба непоканет не одам. Овие неодговорни потези на СДСМ, на неколку нивни високи претставници се некоректни. Ние не сме ничија патерица, ниту пак сме нечија опашка. Ниту претходно на Груевски, ниту сега на Заев. Направивме длабока анализа и решивме да излеземе со наш кандидат, вели Ахмети.

СДСМ не сака да ја коментира изјавата на Ахмети. Пред два дена упатија отворен повик за самокандидирање за претседателски кандидат а одуката ќе се носи на конгрес на 3 март.

ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека на нивниот оглас се пристигнати девет кандидатури. Одлуката ќе ја донесат на Конвенција на 16 февруари. Посебна кандидатура најавува ЛДП, како и партиите на ромите и на турците, а уште неколку помали партии се мислат.

Во ДИК се подготвени за претседателски избори, па и за парламентарни, ако партиите се договорат.

Доколку изборите се распишат задутре на 8-ми февруари, по 15 дена ќе почне увидот во Избирачкиот список. Неколку илјади граѓани може да ги снема од него доколку не си ги подигнат веќе изработените лични документи. ДИК и МВР апелират личните карти и пасошите да бидат подигнати до петок, бидејќи веќе во сабота, Списокот што ќе биде доставен до ДИК ќе ги содржи само граѓаните кои располагаат со важечки документи. Корекција ќе треба да прават со посебно барање за ново запишување во Избирачкиот список.

Please follow and like us:

You May Also Like