Голем број потписи на иницијативата “Стоп за пушење во затворен простор”

Непочитувањето на Законот за забрана на пушење во затворен простор ја поттикна иницијативата за петицијата на социјалните мрежи која со вртоглава брзина ја потпишуваат граѓаните..

Се работи за нашето здравје и здравјето на нашите деца и затоа нашето општество каков пример им дава на младите генерации. Работата е што ние го имаме Законот но тој закон не се имплементира, прописно како што треба, изјави поднесувачот на иницијативата СТОП за пушење во затворен простор, Зоран Николов.

Здравјето на граѓаните е приоритет и актуелниот Закон многу јасно уредува во каков тип на полуотворени објекти дозволува пушење, се вели  во дописот на Владата.

“Не постои целосна либерализација на пушењето во затворени простори.
Очекуваме засилени контроли и ги повикуваме инспекторатите да извршат проверки, а угостителите да го спроведуваат актуелниот закон во целост” –
тврди владата.

За угостителите пак Законот кој претрпел некои измени во изминатиов период е мошне контрадикторен.

Сепак за Аргировски се додека ваквите дилеми не се разрешат забраната за пушење во затворен простор би требало се почитува без дилема.

Граѓаните поделени по ова прашање.

Во третиот квартал на 2019 година Државниот пазарен инспекторат спровел 264 инспекциски надзори, а засилените контроли ќе продолжат и во идниа.

Please follow and like us:

You May Also Like