Германија бара медицински персонал

Нов конкурс, втор од планираните три за 2019 година за вработување на медицински сестри и техничари од општа и педијатарска насока во Германија, ќе биде објавен кон крајот на март во рамки на проектот “Triple Win”.

Огласот се однесува на кандидати од БиХ, Тунис и Филипини, затоа што на пазарот на труд во овое земји има вишок медицински сестри. Според проценките на експертите до 2025 година во Германија ќе бидат потребни 150.000 нови медицински сестри, наведува ГИЗ, германската агенција за меѓународна соработка.

Конкурсниот рок е од 27 март до 26 април, а последниот од трите ќе трае од 21 август до 3 октомври. “Triple Win” е проект кој им нуди на странците интеграција во првите три месеци.

Please follow and like us:

You May Also Like