Вучиќ шокиран што ЕУ не реагира на изјавата на Тачи

рпскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека е шокиран што ЕУ не реагирала на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека Приштина нема да го спроведе тоа што го потпиша во Брисел, односно формирање Заедница на српски општини. Тој порача и дека ќе почека 24 часа на реакцијата на ЕУ, а доколку тоа не се случи „знае што треба да прави“.

„Апсолутно сум шокиран што никој не кажа ниту збор за документот кој е потпишан во Брисел, а чие спроведување го гарантираше ЕУ. Ако тие документи не важат за Албанците, не знам што мислат во иднина со кого ќе разговараат“, рече Вучиќ.

Тачи изјави дека нема да дозволи формирање Заедница на српски општини, затоа што, како што рече, тоа би значело формирање Република Српска на Косово.

Please follow and like us:

You May Also Like