Вучиќ: Тачи знае дека „сонот на секој Албанец“ нема врска со реалноста

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја отфрли изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека обединувањето на Прешевската долина со Косово е „сонот на секој Албанец“ како нереална.

Тачи претходно изјави дека обединувањето на трите јужни српски општини, Прешево, Бујановац и Медвеѓа со Ксоово, е сон на секој Албанец.

„Па добро, тоа е приказна од пред две-три години. Приказната нема врска. Во секој поглед. Тоа не може ни тој да го оствари, ни тие, нема врска со реалноста. Тоа е за нивни внатрешни политички потреби. Тој и Харадинај се докажуваат кој е поголем националист. Луѓето од тој дел на Србија не треба да се грижат за тоа, ни останатите граѓани на Србија. Јас не сум некој што се чука во гради, но луѓето знаат дека соодносот на силите не се мери“, кажа Вучиќ.

На тврдењата дека на северот на Косово нема недостиг од храна, односно дека има сѐ, и дека повеќе се плашат од српските закани отколку од Албанците и дека се уценети да ја повлекуваат стоката, Вучиќ кажа дека не ги чита медиумите кои го јавиле тоа.

„Сосема е логично да го зборуваат истото како и Харадинај и Тачи. Ништо ново. Има една синхронизирана акција повеќе од една година да се претстават Србите од северот како криминалци. Србите имаат свои претставници. Ако е толку убаво таму доле, би сакал тие што тоа го пишуваат да отидат таму, а не да пишуваат од Белград“, кажа Вучиќ.

Please follow and like us:

You May Also Like