ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВУЧИЌ ПРЕД СИГУРНА ПОБЕДА НА УТРЕШНИТЕ ИЗБОРИ ВО СРБИЈА ОТКАКО ДЕЛ ОД ОПОЗИЦИЈАТА НАЈАВИ БОЈКОТ

Србија утре излегува на парламентарни избори среде големата политичка поделеност во земјата и грижите од ширењето на коронавирусот.

Се очекува тие да донесат дополнително зацврстување на позицијата на Александар Вучиќ, особено откако најголемата опозициска група објави дека ќе ги бојкотира изборите, оспорувајќи ја нивната легитимност.

„Она што најголемиот дел од опозицијата ја натера на оваа одлука е што во реалноста ние нема да имаме избори. За демократски избори потребно е да постојат услови во кои луѓето можат да слушнат нешто различно и слободно да се изразат. Овие услови сега не беа исполнети. Медиумите не само што се затворени за нас, туку и се користат за да ги напаѓаат оние кои размислуваат поинаку“, вели Драган Ѓилас, лидерот на коалицијата Сојуз за Србија.

Во пресрет на изборите, српската влада ги укина сите рестриктивни мерки. На гласачките места ќе има заштитни маски, ракавици и дезинфициенси за раце, но нивното користење не е задолжително.

Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ доминираше во кампањата и се очекува така да биде и на изборите. Вучиќ и неговите партнери велат дека изборите ќе ги бојкотираат само оние партии кои и онака не би добиле доволно гласови за влез во парламентот. За разлика од досега, на овие избори цензусот е намален од пет на три отсто. Во досегашниот состав, СНС имаше 104 пратеници од можни 250.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.