Вучиќ за Рекет: Јас знам дека ќе има уште изненадувања

Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања. Ова го истакна српскиот претседател Александар Вучиќ за случајот Рекет кој ја дрма Македонија и цел Балкан.

– „Колку што јас знам од добро информирани италијански извори, ќе има уште изненадувања во тој случај и верувам дека сега Зоран Заев го разбира она што му го кажував за одредени лица“, рече Вучиќ денеска по прес-конференција во Србија, пренесе Блиц.

За потсетување, три дена Ла Верита објавуваше видеа за Рекет каде се виде и слушна дека Боки13 и Зоки Кичеец земале пари од Орце Камчев, се слушна и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева која му рече на Камчев дека се ќе биде добро, а Боки13 го спомна и Заев.

Јанева изјави дека преговарала со Камчев да и биде сведок во нова предистрага, додека Заев категорично отфрли вмешаност велејќи дека Бојан Јовановски му го злоупотребил името.

Денеска ЛаВерита не објавува ново видео за Рекет, туку за Могерини во кое ја прашува зошто молчи за криминалот во Македонија.

Please follow and like us:

You May Also Like