Вучиќ: За десет дена ќе се отвори јужниот крак на Коридорот 10

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Пекинг најави дека за десет дена ќе биде отворен јужниот дел на Коридорот 10.

„Би сакал да учествувам во отворањето на јужниот дел на Коридорот 10, за десет дена ќе биде завршен, за десет ќе може да патувате кон Скопје, Солун, Атина без ниту еден метар кој не е автопат“, рече Вучиќ.

Тој во изјавата за српските новинари во Пекинг рече дека Србија сака целосна соработка со Кина.

Please follow and like us:

You May Also Like