Вучиќ: Да не се гледаме попреку туку да гледаме како да живееме заедно

Српскиот претседател Александар Вучиќ по трилатералниот самит Србија-Турција-БиХ, изјави дека би сакал земјите во иднина „да не се гледаат попреку едни со други преку заговори, да не мислиме како да се уништиме едни со други, туку како да живееме заедно во иднина“, за што ќе придонесе и автопатот Белград-Сараево, на чие церемонијално започнување со изградба ќе присуствува денес, пренесе Танјуг.

На заедничката прес-конференција, Вучиќ го изрази своето искрено задоволство што успеал да разговара со членовите на Претседателството на БиХ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а посебна благодарност изрази до Турција и турскиот шеф на државата за нивната несомнена стабилизирачка улога на Балканот, „што е важна порака, не само денес туку и за годините што следат“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека денешниот самит Србија-Турција-БиХ е плоден, дека лидерите на државите се решени да го продолжат трилатералниот механизам и, што е најважно, тој рече дека размислува за целиот регион.

Следниот состанок, рече тој, ќе се одржи во БиХ, а потоа во Турција.

Автопатот Белград-Сараево ќе ги поврзе РС, Србија и БиХ, и ќе овозможи подобра комуникација, се согласија на прес-конференцијата по трилатералниот самит на Србија, Турција и БиХ. тројцата членови на претседателството на БиХ, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ,.

Членот на српското претседателство Милорад Додик истакна дека ова е добар форум и добра форма на соработка, додавајќи дека се стреми да ги продолжи разговорите на трите држави на тој форум, како и да се задржи добра политичка соработка, да ја зачуваме стабилноста и мирот

Please follow and like us:

You May Also Like