ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Вухан во Кина на 8 април излегува од карантин

На провинцијата Хубеи во Кина и се враќа јавниот превоз по три месеченото ограничување.

Кинеските власти најавија и спуштање на мерката карантин во Вухан, со тоа делумно да биде укинат на 8 април.

По пауза од речиси цела недела, денеска во Вухан е пријавен прв нов случај на коронавирус.

Епицентарот на заразата во меѓувреме се пресели во Европа и САД, при што голем број држави се ставија во карантин и забранија јавни собири и патувања. Во Кина во последните 24 часа имаше речиси 80 нови случаи на коронавирус, но мнозинството се лица дојдени од странство. Овој таканаречен втор бран на зараза ги погоди и Јужна Кореја, Сингапур и Хонгконг.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.