Втор ден жалост по автобуската несреќа, петмината се уште критични

Во земјава денеска е втор ден жалост по сообраќајката во која завчера на патот Скопје – Тетово загинаа 14 лица, а 37 беа повредени откако кај село Ласкарци се преврте автобус на компанијата „Дурмотурс“. Во критична состојба, според последните информации, остануваат петмина пациенти. Директорот на ургентен Илир Хасани во телефонска изјава дадена за Телма рече дека тројцата кои се хоспитализирани кај нив се уште се во тешка здравствена сотојба.

Тројцата пациенти кои што се наоѓаат во критична состојба во интензивното лекување се уште продолжуваат да бидат тешко болни и критични во однос на повредите кои што ги здобија во критичниот настан кај Ласкарци. Се прават конзилијарни обиди, комуникации меѓутоа нивната состојба е доста тешка и критична, ни рече Хасани.

Што се однесува до другите пациенти директорот Хасани ни рече дека еден пациент од Карил ќе се префрли на Одделението за трауматологија затоа што е веќе стабилен, еден пациент е префрлен на Неурихирургија, пациентот префрлен од Тетово веќе е на Торакална хирургија. Пациентот кој беше примен на Клиниката за трауматологија веќе се подготвува за да се пушти на домашно лекување.

Директорот на Градската болница 8 септември Христијан Костов, каде се хоспитализирани останатите двајца критични патници, рече дека тие се сеуште во критична состојба и се приклучени на апарати.

Во интензивна се пет луѓе, од нив двајца се со повреди на мозок и тие се на механичка вентилација. Жената што и беше извадена слезинката е во добра општа состојба со сопствено дишење. Од синоќа кај двајцата пациенти што беа на операција е едитирана операција. Кај младото момче е најдена повреда на црниот дроб, направена е сутура и санирање на повредата и дел од мезентериумот од цревото. Кај вториот пациент исто така е најдена повреда на мезентеријалниот дел на тенкото црево и направена е ресекција на тенкото црево, рече директорот Костов.

Please follow and like us:

You May Also Like