Врховениот суд одлучува дали Џонсон го прекршил законот со суспендирањето на парламентот

Британскиот Врховен суд треба да одлучи дали премиерот Борис Џонсон го прекршил законот кога го суспендирал парламентот. Џонсон ги распушти пратениците од 9 септември до 14 октомври, пред брегзит, кој е закажан за 31 октомври.

Единаесет врховни судии во следните три дена ќе ги сослушаат обвинувањата дека Џонсон незаконски постапил кога ја советувал кралицата Елизабета Втора да го суспендира Парламентот. Рочиштето се пренесува во живо на сајтот на Врховниот суд.

Адвокатите кои го оспоруваат одложувањето денеска изјавија дека постојат „цврсти докази“ дека премиерот Џонсон кај пратениците вметнал „пречка“ и со суспензијата на парламентот сакал да ги замолчи.

Суспензијата покрена правни постапки, на кои нижите судови донесоа контрадикторни пресуди. Високиот суд во Англија пресуди дека суспензијата е политичка, а не правна работа, додека шкотските судии пресудија дека Џонсон постапил незаконски „за да избегне демократски надзор“.

Врховниот суд ќе расправа за две прашања: дали тоа прашање е за на суд и ако е – дали Владата го прекршила законот.

Please follow and like us:

You May Also Like