ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Врие на Косово. Албин Курти: Треба да се уапсат тие што го потпишаа договорот во Белата куќа!

Лидерот на движењето Самоопределување, и поранешен косовски премиер, Албин Курти, остро го критикуваше премиерот на Косово, Авдулах Хоти, заради договорот потпишан во Вашингтон.

Во интервјуто на неговата партиска телевизија ТВВ, Курти предупреди дека, ако дојде на власт, може да има апсења во врска со активноста на владата на Хоти, објави приштинската „Газета експрес“.

Оваа влада ја отвори темата за имотот на Србија во Косово преку преговорите за езерото Газиводе, рече Курти.

Зборувајќи за потписниците на договорот во Вашингтон, поранешниот премиер рече дека „во правна држава“, која, според него, има намера да создаде Самоопределување, „нема да има место на слобода за таквите лица“.

Ако Косово имаше вистински обвинители, тие веднаш би постапиле. Владеењето на правото нема да толерира такви луѓе ниту на власт ниту на слобода. Нашето враќање во владата е што ќе овозможи владеење на правото “, рече Курти.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.