Времето не оди во полза на францускиот „нон-пејпер“

Францускиот предлог за реформа на процесот на проширување на ЕУ, за кој треба да се расправа на денешниот министерски состанок на ЕУ, не носи ништо ново, а би го забавил процесот на проширување, велат во Берлин.

Реформските предлози на француската влада кои се однесуваат на методологијата на проширување на ЕУ ни се познати. Ние сме отворени за разговори кои би воделе кон подобрување на процесот на пристапување, но само ако тоа не води кон дополнително одложување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Оваа цел министерот за надворешни работи Хајко Мас ја потврди уште еднаш за време на неговата посета на Северна Македонија минатата среда. ЕУ сега мора да го одржи зборот, зашто предусловите за почеток на преговори се исполнети. Продолжувањето на успешната ЕУ-политика на пристапување и долгорочниот стабилен развој на Западниот Балкан се наш стратешки интерес.“

Ова стои во одговорот на германското Министерство за надворешно работи испратен на барањето на ДВ за коментар на францускиот предлог за реформа на преговарачкиот процес кој се води со земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ. Предлогот кој денеска би требало да биде разгледан на министерскиот состанок на ЕУ веќе наиде на остри критики меѓу ЕУ-дипломатите и аналитичарите.

Please follow and like us:

You May Also Like