Вработен на Клиниката за Стоматологија заразен со смртоносната бактерија Мрса

Кај вработен на скопскиот стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ е пронајдена опасната бактерија Мрса, потврдија од клиниката. Оттаму смируваат дека нема простор за паника и дека состојбата е под контрола. Се преземени сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата, а вработениот не доаѓа на работа. Мрса е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.

You May Also Like