ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Во Собрание натегање за Законот поништување на лустрацијата

Пратениците во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, никако да го почнат првото читање на предлог Законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација. Власта и опозицијата со различни ставови, откако ВМРО – ДПМНЕ најави дека нема да го поддржи законското решение, користејќи ги сите правни механизми, вклучувајќи и поднесување амандмани.

Првично ВМРО ДПМНЕ бараше за законот да образложува министерката за правда, Рената Десксоска или нејзиниот заменик, а не државниот советник во Министерството за правда од каде е предложен Законот за поништување на лустрацијата. Пауза даде комисискиот претседател, Александар Кирацовски за да се консултира со Дескоска. Подоцна, пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не влегоа во салата и повторно има одлагање од еден час, бидејќи немаше кворум. На прес конференција Кирацовски рече дека ќе ги повика пратениците од ДУИ и Демократската партија на Турците.

За опозицијата не е прифатливо државата да им даде пари на, како што велат, кодошите. СДСМ се фали дека ја исправа нанесената неправда врз политичките неистомисленици. Но, власта признава дека доцнат со предлог законското решение за поништување на лустрацијата.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.