Во сила забраната за готовинска исплата на суми над 1.000 евра

Граѓаните од 1 јануари годинава ќе можат да плаќаат или примаат пари во кеш само во вредност од 60 илјади денари или 1.000 евра. Сè што е над оваа сума ќе мора да помине преку банкарска сметка. Во јуни лани стапи во сила одредбата на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Со него прагот за дозволеното плаќање во готовина – од 15 илјади евра се симна на две илјади. Потоа, од почетокот на годинава сумата се намали на 1.000 евра. Законот предвидува од јуни летово контролата дополнително да се засили, со што за купување на стоки и услуги граѓаните и фирмите во кеш ќе можат да плаќаат само во износ од 500 евра или 30.000 денари. Целта на ваквото ограничување е да се намали сивата економија и во крајна цел да се зголеми електронското плаќање.

Ние веќе имавме подготвено измени кои веќе поминаа во Собранието и се во сила каде што се лимитира, ограничува практично плаќањето во кеш и тоа е добро бидејќи тоа значи дека државата ќе има многу поголема контрола“, рече Драган Тевдовски, министер за финансии.

Сепак, во голем дел од трговските објекти, но и државните институции нема услови за електронско плаќање, односно може да се плати само во кеш.

Јас се согласувам добар дел од јавните институции веќе почнуваат да обезбедуваат вакви услуги и нашата стратегија којашто е заедно со Народната банка содржи елементи како да се подобри тоа во јавните институции“, додаде министерот Тевдовски.

Со европската директива која е внесена во нашиот закон, прагот е поставен на 10.000 евра, но нашата Влада одлучи многу повеќе да го намали овој праг поради поголема контрола на плаќањата. Промените во Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам веќе шест месеци се во сила, па денеска без картичка да не може да се купи на пример поскап телевизор, а од средината на годината ниту некој поевтин продукт

You May Also Like