Во најава подобрување на квалитетот на статистичките податоци

Ќе се подобрува квалитетот на статистичките податоци во земјава. Македонија се приклучи на земјите кои го користат најновиот стандард на Меѓународниот монетарен фонд. Mакедонската статистика се вброи во 18 земји чии статистички инстуции го вовеле највисокиот меѓународен статистички стандард за дисиминација – СДДС плус.

Овој стандард го зајакнува кредибилитетот на земјата во меѓународни рамки. На имплементацијата работеа Државниот завод за статистика, Министерството за финансии и Народната банка

„Овој успешен заеднички проект е јасна потврда за посветеноста на трите институции за постојано надоградување на националните статистики и на нивното усогласување со најновите, највисоки меѓународни статистички стандарди“, рече Анита Ангеловска Бежовска, гувернер.

„Ова ќе ја подобри довербата кај меѓународните финансиски организации, кредитните рејтинг-агенции и што е особено важно – кај инвеститорите. За меѓународните инвеститори и институции високите статистички стандарди се клучни“, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.

Please follow and like us:

You May Also Like