Во Европа за два месеца повеќе од 34.000 заболени од морбили. СЗО предупредува за проширување на заразата

Повеќе од 34.000 случаи на зараза со мали сипаници се евидентирани во Европа во првите два месеца од годинава, предупредија денеска од Светската здравствена организација (СЗО – WHO). Во соопштението се повикуваат  здравствените власти да обезбедат вакцини за сите, а особено за здравствено најчувствителните групи.

Од 34.300 заразени пријавени се 13 смртни случаи. Најголемиот број од нив се регистрирани во Украина. Од СЗО предупредуваат дека епидемијата би можело да продолжи да се шири и повторуваат дека за болеста нема специфичен лек и оти таа може да се спречи исклучиво со вакцинирање.

„Ако не се реагира правовремено и ако вакцинирањето не биде сеопфатно, вирусот ќе најде начини да стаса до најзагрозените поединци и потенцијално ќе се прошири на други држави во регионот и надвор од него“, се вели во текстот од СЗО.

Please follow and like us:

You May Also Like