ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ВМРО-ДПМНЕ обвинува: РКЕ не се откажува од ситни политички поени

РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СИТНО ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ НА СМЕТКА НА КОРОНА ВИРУСОТ

Веќе неколку дена Македонија се бори со вирусот COVID-19. Состојбата се одвиваше од прогласување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, па потоа и прогласување на вонредна состојба на целата територија на државата. И додека бројот на регистрирани заразени постојано расте и тоа по експоненцијана крива, Претседателот на РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД СИТНО ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ!!!

Ни помаку ни повеќе, до сега одржа три прес конференции фалејќи се за работата на комисијата во овие тешки кризни времиња. Најпрво, би сакале да го потсетиме дека комисијата е независен орган, надвор од политиката и вакви пресови со кои се собираат ситни политички поени се во најмала рака срамни.

Во првиот прес на 16 март Претседателот излезе да се пофали дека цената на нафтените деривати ја намалиле дури на пониско ниво од цената во 2008 година, што во исто време било доказ дека правилниците донесени од нивна страна биле многи точни. Би сакале да им укажеме дека цената на нафтата е значително опадната на светските берзи, а како резултат на тоа паѓа цената и кај нас, како што се намалува секаде во светот. Да ги потсетиме дека тоа воопшто не е нивна заслуга, туку на настаната состојба во светски рамки со пандемијата од корона вирусот.

Понатаму еден од пресовите истите се пофалија дека им препорачале на ЕВН ХОМЕ, БЕГ Снабдување и Комуналните претпријатија да не ги исклучуваат потрошувачите од системите за напојување со електрична енергија, топлина и снабдување со вода. Дали регулаторите не знаат дека оваа пандемија е посебна состојба која е регулирана со правилата за снабдување на потрошувачите со различни видови енергенси, па самите оператори се должни да ги применуваат истите и да не ги исклучуваат потрошувачите додека трае пандемијата??? Или без оглед на тоа, малку излегување пред камера за да се покаже дека „независниот“ регулатор се грижи за граѓаните ќе донесе политички поени?????

Последниот прес одржан на 20 март најмногу го докажува тоа. Имено, на овој прес Регулаторот се пофали дека ЕВН ХОМЕ ќе продолжи да ги снабдува сите потрошувачи кои не излегле на либерализираниот пазар на електрична енергија до 31 март. И тоа РКЕ си го припиша како сопствена заслуга и грижа за потрошувачите. Но, дека тое не е така се дописите кои ЕВН дистрибуција ги има пратено до сите потрошувачи кои треба да си најдат снабдувач уште во јануари годинава, пред да настане состојбата со пандемијата на COVID-19. Во овие дописи ЕВН кажува дека истото треба да се стори до 31 март. Значи уште еден прес за дневно политички поени на институција која во ниеден случај не треба да е партизирана и политизирана. Додека Македонија со сите сили се бори да се справи со оваа пандемија, вакви „фингирани“ пресови се најмалку корисни, напишаа на Фејсбук од комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.