ВМРО-ДПМНЕ: Началникот на штипската полиција сѐ уште на позиција, a фатен во криумчарење на мигранти

СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија. Началникот на штипската полиција сѐ уште е на таа позиција, иако е фатен во криумчарење на мигранти, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова е доказ за лицемерието на СДСМ. Патем останува нејасно за какви и чии статистики говори СДСМ бидејќи во своите соопштенија ниту еднаш не го користи терминот Македонија. Сето ова покажува со каков криминален и однароден картел на власт си имаат работа граѓаните. Тоа мора да престане. Почетокот на крајот на заевизмот ќе бидат претстојните избори кога граѓаните јасно ќе ја казнат оваа криминогена структура – се наведува во соопштението.

Please follow and like us:

You May Also Like