ВМРО-ДПМНЕ: Заев и луѓето околу него да ги видат преполните автобуси со млади кои се иселуваат

Младите во Македонија во се поголем број ја напуштаат државата и заминуваат да работат и живеат во странство. Секоја недела полни автобуси со млади луѓе со карта во еден правец како од внатрешноста, така и од Скопје заминуваат правец Западна Европа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Јон Фрчковски од СДММ.

Доколку Заев и луѓето околу него неможат да ги видат преполните автобуси со млади кои трајно се иселуваат од државата, во прилог им испраќаме неколку прилози од телевизии, пропратени со сведоштва на луѓе. – Ова е вистината за тоа колку е успешен Заев.

Од големата успешност на Заев, скоро 20.000 македонци годишно од кои повеќето млади луѓе добиваат работна виза за работа во Германија. Иста е ситуацијата и со Швајцарија, Австрија, Шведска и други држави од Европа.

Училиштата низ целата држава се се попразни. СДСМ ветуваше враќање на иселените, не само што не ги врати, туку и го забрза иселувањето. Промовирањето на некакви картички кои не го подобруваат животот на младите е само блед обид да се прикаже дека нешто се прави. Така наречената гаранција за млади е пропаднат проект. Младите не чувствуваат никаква придобивка од владеењето на СДСМ. Младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа.

СДСМ не направи ништо за младите иако имаше повеќе од две години време. СДСМ треба да си замине. Метлата треба да почне од Заев па надоле. Метлата ќе ја добијат на парламентарните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката од граѓаните и ќе ја формира новата влада.

Please follow and like us:

You May Also Like