Владата ќе субвенционира инвертер клими

Субвенционирање на клима уреди – инвертери е  само една од мерките кои ќе ги предложи владеачката партија за поекономично затоплување пред стартот на грејната сезона. Велат дека во моментов се прават анализи кои други сет мерки  даваат најдобри резултати, а веќе од следниот месец  ќе  почнат со реализација на проектот. Целта им е да вратат што  повеќе пари  кај граѓаните, но и да  спречат  загадувањето на воздухот.

Прво целта ни е да вратиме дел од исклучените 14,000 домаќинства  во системот на БЕГ. Таму каде што не е возможно тоа, каде граѓаните се греат на дрва, и каде што загадувањето е најголемо, значи не само во Скопје, туку и во другите градови, планираме да воведеме сет мерки за субвенционирање, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисјата за енергетика на СДСМ.

Од СДСМ се задоволни што со враќањето на евтината тарифа на струјата за домаќинстава., заштедени се 15 милиони евра , пари на  граѓаните. Со намалувањето на ДДВ кај парното  греење од 18 на 5 осто исто така ќе се заштедат значителни суми. На пример, за стан каде месечно за парно се плаќало по 2,000 денари, понискиот данок ќе им заштеди  од 1,800 до 3,200 денари денари годишно, зависно дали се приклучени на БЕГ или Гази Баба. Реагираа од  опозициската ВМРО ДПМНЕ. Велат дека   СДСМ со квази мерки и програми ја манипулираат јавноста , а не придонесуваат ништо за подобрување на животот на граѓаните. СДСМ се фали со наводна реазлизација на програмата, а власта не може да го реазлира ниту планираниот буџет за годината, се наведува во нивната писмена реакција.

Please follow and like us:

You May Also Like