Владата токми закон: Зрелите за старосна пензија да не смеат да продолжат на работа

Власта подготвува предлог-закон за укинување на можноста лицата по 64 односно 62 годишна возраст да немаат право да работат дополните две до три години. Министерката за труд и  социјална политика, Мила Царовска вели дека пензионирањето за мажите на 64  години и за  жените на 62 ќе го филтрира приватниот и јавниот сектор, без дополнителен финансиски товар за земјата.

Колку лица ќе вклучи мерката сè уште не се знае. Премиерот Заев вели дека откако ќе го прифатат предлогот во Владата, ќе се знае точниот број. Законот би с еоднесувал подеднакво и на вработените во јавниот и во приватниот сектор. Но, тенденцијата е е поголемиот број на пензионирани, да биде од приватниот сектор. Според премиерот, законот нема да ги спречи работодавачите да ги продолжуваат договорите со вработените по предложената возраст за пензионирање.

Please follow and like us:

You May Also Like