ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата со предлог со Пендаровски: Потребна е вонредна состојба уште 30 дена

Вонредна состојба за нови 30 дена за успешно справување со ковид-19 е препораката на Владата до претседателот Стево Пендаровски кој денеска е домаќин на состанок Советот за безбедност. Одлуката е донесена на денешната 53 седница на владиниот кабинет и како заклучок ќе биде проследена заедно со извештајот за досега преземените активности од државните институции. На седницата, се вели во соопштението на владината прес-служба, е дополнет и усвоен Протоколот со препораки и упатства за излез и влез во Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада, во министерствата и за македонските државјани. Заклучок е дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука ќе треба одобрување од Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со ковид-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.