Владата очекува со субвенционирањето на придонесите платите во приватниот сектор да се зголемат

25% од вработените во приватниот сектор се очекува да добијат повисоки плати со мерката субвенционирање на придонесите, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Надлежните го презентираа начинот за аплицирање за овие средства. За оваа намема во буџетот се обезбедени 40 милиони евра. 

Од Организацијата на работодавачи очекуваат дека мерката ќе им помогне и на оние фирми кои имаат потешкотии да исплатат повисоки плати. 

Ќе се субвенционира секое зголемување од 600 до 6000 денари. 

Образецот со кој компаниите ќе можат да  аплицирање за средствата е објавен на страната на УЈП.

Please follow and like us:

You May Also Like