Владата на големо распишува огласи за вработување

Во последниве десетина дена се објавија голем број огласи за вработување во државната администрација. Од чувари и курири, преку службеници и административци па се до раководители на сектори. Ваквото пост- празнично вработување премиерот Заев го оправда со потребата за пополнување на испразнетите места во институциите и јавните претпријатија. Тие работни места биле испразнети во втората половина од ланската година и сега само се бара кадар кој ќе ги пополни овие места, изјави Заев, кој тврди дека не станува збор за вработување на партиски членови. Нов кадар се бара во Агенцијата за вработување, распишан е оглас во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Дирекцијата за безбедност, Дирекцијата за заштита и спасување и уште во неколку други институции кои се под надлежност на Владата.

You May Also Like