ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Владата донесе уредби со законска сила кои им овозможуваат на превозниците побрз транспорт на стока, намалување на гужвите на граничните премини и местата за одмор

Владата донесе уредби со законска сила со цел транспортниот сектор подобро да го организира работењето и да се обезбеди непречен транспорт на стока, за кои денеска на прес-конференција информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

„Првата Уредба се однесува на примена на Законот за превоз на патниот сообраќај за време на вонредната состојба и истата предвидува одложување на полагањето на испитите за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и возач за учество во меѓународен патен сообраќај, за време на траењето на вонредната состојба.

Важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба, објасни министерот Сугарески.

Втората Уредба се однесува на примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај за време на вонредна состојба и таа опфаќа:

Полагањето на испитот при превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

Истото се однесува и за важноста на сертификатите. Сите сертификати кои се однесуваат за превоз на опасни материи а чиј рок на важење е истечен, важноста се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

Ова подразбира дека сите испити се одложуваат и сите сертификати на кои важноста им е истечена, остануваат да важат се до времетраењето на вонредната состојба. 

„Со овие две уредби им олеснуваме на транспортерите и од финансиски аспект и од временски аспект со оглед на тоа дека ја продолжуваме важност на сертификатите“, истакна министерот Сугарески и додаде дека со Уредбата со законска сила за примена на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај како и за тахографите, се пропишува зголемување на времетраењето на возење со цел да може побрзо да се реализира транспортот.

„Дневното време на управување со возило за време на траење на вонредната состојба се зголемува од 9 часа на 11 часа. Неделното време на управување со возило за време на траење на вонредната состојба се зголемува од 56 часа на 60 часа. 

Вкупното време на управување со возилото во текот на кои било две последователни недели, за време на траење на вонредната состојба се зголемува од 90 на 100 часа.

За време на траење на вонредната состојба возачите можат да возат  пет и пол часа, а потоа возачот е должен да направи пауза од најмалку 45 минути, додека претходно можеа да возат 4, 5 часа па да прават пауза. Редовниот дневен одмор за време на траење на вонредната состојба е намален од 11 часа, на 9 часа“, објасни министерот Сугарески.

Со овие мерки кои беа на барање на превозниците се овозможува побрз транспорт на стока, намалување на гужвите на граничните премини и местата за одмор и поефикасен транспорт на стоката што се пренесува. 

Во насока на олеснување на работата на компаниите што работат во градежниот сектор, Владата донесе Уредби со законска сила со кои се олеснува работата на фирмите во услови на времетраење на вонредната состојба.

Првата Уредба се однесува на примена на Законот за градење и се однесува за лиценците и овластувањата чии рок на важење е истечен, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.

Втората Уредба со законска сила се однесува на Законот за просторно планирање, со што се предвидува Лиценците за изработување на урбанистички планови, лиценците за ревизија на урбанистички планови, овластувањето за изработување на урбанистички планови и овластувањето за ревизија на урбанистички планови, чиј рок на важност е истечен, важноста се продолжува за време на траењето на вонредната состојба како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.

Третата Уредба се однесува на примена на Законот за гробишта и погребални услуги и исто така ја регулира важноста на дозволата за управување со гробишта и дозволата за вршење на погребални услуги чиј рок на важење е истечен. И за овие дозволи кои се веќе истечени, важноста се продолжува  на траење на вонредната состојба како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.

На крај, министерот Сугарески ја објасни и мерката донесена во вториот сет на економски мерки, која се однесува на ослободување од плаќање на надомест за закуп за стан за лица со ниски примања и на социјално ранливи категории на граѓани.

„Со оваа мерка ослободени се вкупно 792 корисници или на месечно ниво овие ќе се заштедат 1 милиони 145 илјади денари. Ова е мерка со која дополнително ќе ги ослободиме овие групи на граѓани од трошок кој го имаат кон државата“, констатираше министерот Сугарески.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.