Владата ги повлече најавените измени на законот за јавни собири

По серија реакции на граѓанските организации и голем број граѓани на социјалните мрежи, владата соопшти дека ги повлекува предлог измените на законот за јавни собири.

Во кусото соопштение, се наведува дека оваа одлука била донесена со цел да се обезбеди поширока консултација и во согласност со верувањето дека има простор за подобрување на содржината на законот со цел да се овозможи слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи.

Во предлог законот се предвидуваше минимум 50 граѓани да можат да организираат протест, наместо досегашната бројка од 20 луѓе,

Покрај оваа одредба, се менуваа и дел од условите за местата каде е забрането да одржуваат јавни собири.

Покрај досегашните забранети локации како автопатишта, болници и градинки и училишта, МВР во предлог-законот додаде уште неколку одредби во членот 2 – странските амбасади, објекти и простори од интерес за безбедноста на државата, како и седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, одредба која беше најконтроверзна и предизвика најмногу критики во јавнота.

Предлог-законот исто така содржеше и одредба во која лицата кои присуствуваат на јавниот собир не смеат да носат средства на лицата и главата кои го отежнуваат утврдувањето на нивниот идентитет, а се одредуваше и временски период во кој може да се одржува јавниот собир – од 06 до 23 часот.

Please follow and like us:

You May Also Like