Владата во „трка“ по гласови за уставните измени

Премиерот Зоран Заев на нова средба ќе го убедува лидерот на БЕСА, Билал Касами да гласа за уставните измени откако при вчерашните разговори не постигнале значителен напредок.

По средбата од Владата соопштија дека „е договорено да се одржи уште еден состанок, најдоцна до вторник, на работна група составена од претставник од Кабинетот на претседателот на Владата, како овластен предлагач на уставните амандмани и на уставниот закон, претставници од раководството и пратениците од „Беса”, за да се разгледаат детално предлозите и да се дефинираат конечните позиции“.

Средбата треба да се одржи најдоцна до вторник.

Во меѓувреме покана за средба се очекува да пристигне и на адреса на првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села кој исто така ја условува поддршката за уставните измени. Села во телефонски разговори вели дека досега нема договорено средба со премиерот, кога ќе утврдат тајминг ќе ја извести јавноста.

Политичките аналитичари сепак очекуваат дека уставните измени ќе ја добијат потребната поддршка.

Седницата за уставните измени е закажана за среда 9-ти јануари. Очекувањата се дека доколку дотогаш се обезбедат неопходните 80 гласа, измените на Уставот со кои ќе се промени името на државата во Северна Македонија ќе бидат изгласани до крајот на неделата.

Please follow and like us:

You May Also Like