Витаминка е семејно одговорна компанија

Одборот на директори на Витаминка изгласа бенефиции во интерес на своите вработени по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство. Според оваа новина вработените во Витаминка кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

Моментално во Витаминка има 690 вработени од кои 350 се жени во различни годишни возрасти. Со зголемувањето и подобрувањето на работничките права Витаминка е компанија што предводи во воведување промени со кои на различни начини го стимулира задоволството и го подобрува статусот на своите вработени. А во однос на грижата и за семејства на вработените, влегува во таканаречениот сегмент на семејно одговорна компанија што е новост кај нас.

Please follow and like us:

You May Also Like