ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

(ВИДЕО) Невреме прави хаос во соседството. Поплави во Хрватска и во БиХ

13.02.2014., Karlovac - Mjestani karlovackih naselja Mostanje, Gornje Mekusje, Logoriste, Koritinje, Karasi te brojnih drugih naselja i danas se bore sa poplavom. Poplavljeni su deseci podruma, kuca, voda je poplavila i novoizgradjeni procistac otpadnih voda. Gradjanima pomazu clanovi GSS-a i vatrogasci. Potopljeni procistac otpadnih voda do kojeg se moze jedino camcem. Photo: Kristina Stedul Fabac/PIXSELL

Обилни врнежи предизвикаа поплави и излевање на повеќе реки на северозападот на БиХ. Во Приједор се поплавени околу 200 станбени објекти, а дојде и до пораст на нивото на водата и излевање на реката Пухарска. Полицијата во општината Добри Југ нареди евакуација во повеќе населби.

На подрачјето на Нови Град се излија реките Уна, Сана, Јапа и Војскова, а поплавени се повеќе домаќинства.

Невремето не стивнува ниту во Хрватска. Градските служби во Загреб вчера имале повеќе од 700 интервенции, а пет лица се повредени поради силниот ветер кој дува од неделата. Улиците на главниот град на Хрватска се полни со искршени гранки, а имало проблем и во градскиот сообраќај.

Предупредување за поплави веќе е во сила во соседна Србија каде веќе почнаа првите удари на дождот.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.