ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

(Видео) Ердоган на чело на првата молитва во „Аја Софија“, пред објектот се собраа илјадници верници

Илјадници муслимнски верници денеска се упатија кон обележјето на Истанбул, „Аја Софија“, за да учествуваат во првите молитви по 86 години во објектот кој до неодамна беше музеј, а бил изграден како една од најзначајните катедрали на христијанскиот свет.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, присуствува на инаугуративните молитви во споменикот од 6 век заедно со речиси 500 достоинственици откако тој се пофали дека го исполнил она што го опиша како сон на неговата генерација и неговата младост.

Илјадници мажи и жени, вклучително и многумина што допатувале од цела Турција, одржуваат молитви во обележани области надвор од „Аја Софија“. Повеќе верници преку ноќ кампуваа во близина на објектот.

Во меѓувреме, водачите на православната црква во Грција и во Соединетите Американски Држави најавија ден на жалост поради муслиманските молитви во „Аја Софија“.

Во пресрет на првата молитва подот околу објектот беше покриен со тепих избран од Ердоган, а мозаиците што претставуваат христијански симболи се покриени со завеси за време на молитвата.

Надвор од „Аја Софија“ властите ги одбележаа местата за молитва, а како што беше најавено, настанот наводно е обезбедуван од 17.000 службени лица.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.