(Видео) Вучиќ заплака за време на говорот во Ниш

„Србија нема да даде да ја скршат, Србија не може да ја победат“, порача претседателот на Србија синoќа во Ниш на манифестацијата на одбележувањето две децении од почетокот на бомбардирањето на НАТО.

Во своето обраќање пред 20.000 луѓе во Ниш, на кое повремено со совладуваа емоции, како што јавуваат тамошните медиуи, тој се присети на настаните пред 20 години и денес кога, како што констатира, тргнаа Србија да ја урнат.

„Сакам да порачам од тука дека што и да се случи, немојте никогаш на никого да му дозволите да ги урне слободата и независноста на Република Србија! Никогаш!“, рече српскиот претседател.

Please follow and like us:

You May Also Like