Вељаноски на распит кај Рускоска за насилството од 27 април

Поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски утрово дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на распит за настаните од 27 април,2017 година во Собранието на Република Македонија. Во оваа постапка тој е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Обвинителството пред два месеци отвори истрага за организаторите и нарачателите на насилниот упад во Собранието што се случи на 27 април 2017 година.

Во оваа постапка освен Вељаноски, осомичени се и екс премиерот Никола Груевски, екс министерот Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски како и Никола Бошковски, вработен во УБК кој се бара со потерница.

За Вељаноски судија на претходна постапка побара притвор, но Собранието не гласаше во рокот, и не му беше одземен пратеничкиот имунитет.

Тој во постапката за 27 април за која беше изречена и првостепена пресуда беше сведок и со часови одговараше на прашањата на обвинителката, на обвинетите и нивните адвокати, како и на судијката Добрила Кацарска

Please follow and like us:

You May Also Like