Вакциналните пунктови работеа и за Божик, надлежните очекуваат поголем одѕив по празниците

Првото заболено дете со мали сипаници од радишани, каде почна епидемијата со морбилите,  е пуштено дома. На клиниката за инфективни болести останаа уште околу осум пациенти во најголем дел деца, кои поради компликации се задржани на лекарски надзор. Во меѓувреме, продолжуваат со работа и вакциналните пунктови низ скопје, кои беа отворени и за време на празниците. Деновиве сепак, работеа со намален интензитетот. Вкупно, од прогласувањето на епидемијата досега, се вакцинирале нешто повеќе од 1 000 деца, но невакцинираните се уште се бројат во илјадници. Надлежните очекуваат дека по празниците, бројката на вакцинирани ќе расте.

Please follow and like us:

You May Also Like