ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Бројот на заразени во светот стигна до 200.000, европските граници заглавени (ФОТО)

Trucks are seen on a highway near the Kulata border crossing between Bulgaria and Greece, Bulgaria February 17, 2016. Bulgarian truckers staged a counter-blockade on Tuesday at a checkpoint on the country's border with Greece, after Greek protesters failed to keep a promise to lift their own blockade for a few hours a day. REUTERS/Stoyan Nenov

Очајните патници во понеделникот ги затнаа европските гранични премини, откако државите воведоа строги контроли во обид да го забават ширењето на вирусот ковид-19, создавајќи сообраќајни метежи долги со километри и забавувајќи го преминувањето на камионите што носат критични резерви.

Бројот на заразени низ целиот свет достигна 200.000, а бројот на починатите стигна до 8.000.

Бројот на луѓето што досега оздравеле е повеќе од 82.000, според податоците што ги води универзитетот Џон Хопкинс.

Во обид да ублажи дел од притисоците од Источноевропејците заглавени во Австрија што се обидуваат да се вратат дома, Унгарија преку ноќ ги отвораше своите граници во фази. Најпрво на бугарските граѓани им беше дозволено да преминуваат во внимателно контролирани конвои, потоа дојде ред на Романците.

Но до средата наутро на австриската страна на границата, редицата со камиони беше 28 километри, а таа со автомобили 14 километри, бидејќи се врати во сила правилото што дозволува само Унгарците или транспортните камиони да поминат преку границите на земјата.

Лидерите на Европската Унија работеа на тоа како да продолжат да се движат храната, медицинските материјали и другите основни производи, но засега границите се запушени. Гледајќи подолгорочно, тие исто така се обидуваат да откријат начини како да им овозможат на сезонските земјоделски работници, потребни за да се продолжи со производството на храна, да патуваат напред-назад преку затворените граници.

Нациите низ целиот свет се соочуваат со истите проблеми, при што Соединетите Држави и Канада работат на заемна забрана за неесенцијално патување меѓу двете држави, вели АП.

Коронавирусот сега е присутен во секоја американска држава откако и последната, Западна Вирџинија, пријави заразен.

Сè позагрижени за економските последици од глобалниот карантин, САД, Велика Британија и Холандија најавија спасувачки пакети во вкупна вредност од стотици милијарди долари, додека долгогодишниот критичар на Меѓународниот монетарен фонд, Венецуела, побара од институцијата заем од 5 милијарди американски долари.

Големите азиски берзи повторно паднаа во средата по првичното кревање на нозе откако Вол стрит скокна по ветувањето за помош од Трамп.

Во Брисел, Урсула фон дер Леен, претседателката на Европската комисија, рече дека има „унифициран и обединет пристап“ кон одлуката да им се забрани на повеќето странци да влегуваат во ЕУ наредниве 30 дена.

Во средата, илјадници камиони останаа заглавени во Литванија на патиштата кон Полска, откако Варшава нареди строги мерки што вклучуваат тестирање на секој возач за симптоми на ковид-19. Редицата на камиони во вторникот навечер беше долга 60 километри.

„Полската и литванската влада отворија втор премин, но тоа не помогна многу“, рече портпаролот на граничната полиција Рокас Пукинас, вели АП.

Досега 82.000 луѓе оздравеа од вирусот, претежно во Кина. Кај повеќето луѓе вирусот предизвикува само благи или умерени симптоми, како треска и кашлица, но тешката болест е поверојатна кај постарите лица и кај луѓето со постојни здравствени проблеми.

Вухан, централниот кинески град каде што вирусот за прв пат беше откриен кон крајот на минатата година и кој со недели беше во карантин, во средата пријави само еден нов случај втор ден по ред.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.