Бројот на жртви во срушената зграда во Истанбул се искачи на 21

Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека бројот на загинати од срушената зграда во Истанбул се искачи на 21, јави агенцијата „Анадолија“.

Министерот порача дека виновникот за инцидентот ќе биде повикан на одговорност.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го посети местото на несреќата во  Истанбул и во изјава за медиуите порача дека постојат лекции кои се уштре треба да ги учиме.

7-катната зграда во областа  Картал во Истанбул се распадна на 6-ти февруари . Точните причини за ова се уште не се познати. Според прелиминарната истрага, нестандардни   градежни материјали биле искористени за изградба на блокот.

You May Also Like