Брнабиќ: Свесни сме за нашите, но нападите на НАТО е грешка на други

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија е свесна за грешките што ги направила во минатото, но дека нападите на НАТО врз поранешна СР Југославија во 1999 година е грешка на другите, а не на српските граѓани.

На конференција во Белград, насловена „НАТО агресијата врз СР Југославија: 20 години подоцна”, Брнабиќ изјави дека Србија не смее да ги заборави жртвите од ова бомбардирање, уништените фабрики, мостови и уништената економија, но оцени дека ќе мора да се обиде да прости, бидејќи тоа е единствениот пат за да ги оствари своите големи потенцијали и да се сврти кон иднината, партнерството и соработката.

– На Србија никој не треба да и укажува на грешките. Свесни сме дека грешевме, но бомбардирањето во 1999 година беше вина на други, а не на граѓаните на Србија, кои на крајот на 20 век беа жртви на оние со кои се боревме за слобода и правда во две војни. Поради иднината, би било добро и тие да бидат свесни за тие грешки – рече Брнабиќ.

Брнабиќ изјави дека во изминатите 20 години Србија се обидувала да добие одговор на прашањето како една мала земја станала толку голем противник на најмоќните сили, но и кои се причините за преседанот една суверена држава да биде нападната без одлука на Советот за безбедност на ОН.

Оценувајќи дека Србија „ќе остане верна на традицијата и историјата” и дека „никогаш нема да ги заборави” пријателите кои стоеја со неа во најтешките времиња, при што посебна благодарност им искажа на Русија и Кина, Брнабиќ рече дека Белград ќе развива партнерски односи со оние кои учествуваа во бомбардирањето во 1999 година и ќе гради мостови „со оние со кои ни денес не се разбира“, верувајќи дека ова е единствениот начин за просперитет.

Србија в недела во Ниш ќе го одбележи „Денот на сеќавање на настраданите во НАТО агресијата“, на која е најавено обраќањето на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и останати претставници на државниот врв.

Please follow and like us:

You May Also Like